Достапни линкови

Џо Бајден: Иран сам да ја реши нуклеарната криза


Американскиот заменик претседател, Џо Бајден рече дека сеуште постои простор за дипломатско решавање на иранската нуклеарна криза. На денешниот, втор ден од Конференцијата за безбедност во Минхен , тој рече дека сега “топката е во рацете на иранскиот владин суд“ да ја реши кризата и дека целта на американската администрација е да го превенира нуклеарното вооружување на Иран. Иранската нуклеарна криза како и конфликтот во Сирија и Мали се на врвот на агендата на конференцијата во Минхен која ќе заврши утре.
XS
SM
MD
LG