Достапни линкови

logo-print

Расистичкото насилство, закана за грчката демократија


Расистичките злосторства во Грција не смеат да останат неказнети, смета Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс. Според него, потребно е полицајците, судиите и обвинителите да ја спроведуваат Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расистичка дискриминација. Тој ова го изјави на крајот од неговата петдневна посета на Грција. Податоците на организациите за човекови права велат дека лани во Грција имало над 200 расистички напади.
XS
SM
MD
LG