Достапни линкови

Вељаноски го прими амбасадорот Лалакос


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски на денешната средба со новиот шеф на грчката канцеларија за врски во Македонија Теохарис Лалакос, како што соопшти кабинетот на Вељаноски, изразил жалење што не се остварува соработка меѓу двете земји на парламентарно ниво. Според соопштението, амбасадорот Лалакос, заблагодарувајќи се за топлиот прием, изјави дека ќе ги пренесе пораките до претседателот на грчкиот парламент. Вељаноски додал дека очекува на Самитот на претседатели на парламенти кој во мај годинава треба да се одржи во Македонија, во рамките на Процесот на соработка во Југоисточна Европа да дојде до средба меѓу двата претседатели на парламенти.
XS
SM
MD
LG