Достапни линкови

Тачи не го прифаќа барањето на Харадинај да биде премиер


Демократската партија на Косово на Хашим Тачи нема да го прифати барањето на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, да формираат коалицска влада со него како косовски премиер.
Како што јавуваа косовските медиуми, актуелниот премиер Хашим Тачи повеќепати изјави дека е подготвен да разгоара за коалиција со Алијансата за иднината на Косово, но дека не доаѓа предвид да ја напушти премиерската функција.
Харадинај претходно изјави дека очекува до крајот на неделата да добие одговор на предлогот за коалиција и неговиот избор за премиер. Тој истакна дека во случај да не биде прифатен предлогот се ќе остане по старо и ќе чека до првите избори.
XS
SM
MD
LG