Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Иран и Русија го снабдуваат режимот во Сирија


 Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар во заминување Хилари Клинтон изјави дека Иран и Русија продолжуваат да му даваат воена и финансиска помош на режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад. Според неа, задржувањето на Асад на власт е еден од најголемите приоритети на Иран кој го зголемил бројот на советници во Дамаск со цел да му помогнат во тоа. Клинтон во нејзиниот последен говор во Советот за надворешни односи во Вашингтон додаде дека постојат прични да верува оти Русија се уште воено и парично и помага на сиријската влада.
XS
SM
MD
LG