Достапни линкови

Претседателот Иванов во Минхен


претседателот Ѓорге Иванов

претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе учествува на 49-та Минхенска безбедносна конференција, која почнува денеска. Тој ќе се обрати на сесијата на тема „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказот”, на која ќе претседава Марти Ахтисари. На конференцијата во Минхен, учество најавија над 130 шефови на држави и влади, меѓу кои Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, американскиот потпретседател Џо Бајден, еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
XS
SM
MD
LG