Достапни линкови

Бан Ки Мун сериозно загрижен поради ситуацијата во Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун е сериозно загрижен поради информациите за израелски авионски напад во Сирија. Заменик-портпаролот Едуардо дел Бај изјави дека Бан исто така ги повикал сите засегнати страни да ги спречат тензиите или нивна ескалација во регионот.
Оваа изјава доаѓа откако Сирија поднесе официјална жалба до ОН дека Израел извршил воздушен напад врз воен истражувачки центар во близина на Дамаск, при што според сириската армија, две лица загинале, а пет биле ранети.
Засега нема коментар за оваа информација од страна на Израел.
XS
SM
MD
LG