Достапни линкови

logo-print

Последен говор на Клинтон како Државен секретар


Во својот последен говор како Државен секретар на САД, Хилари Клинтон изјави дека Соединетите Држави се посилни дома и попочитувани во светот отколку пред 4 години, кога таа ја презеде функцијата. Говорејќи во Советот за надворешни односи во Вашингтон, Клинтон истакна дека Америка ќе остане светска „неопходна сила“, но мора да да продолжи да ги користи во дипломатијата „алатките на 21 век“, вклучувајќи и фокусирање врз новите технологии.
Таа нагласи дека цели на надворешната политика во наредните години треба да бидат и зацврстување на позицијата на САД во Азија, завршување на војната во Авганистан, управување на промените на Блискиот Исток и одржување на широк економски ангажман.
Сенаторот Џон Кери ќе ја преземе функцијата во Стејт Департментот в понеделник, 4 февруари.
XS
SM
MD
LG