Достапни линкови

Иран ќе ја унапреди програмата за збогатување ураниум


Западни дипломати изјавија дека Иран има намера силно да ја забрза програмата за збогатување на ураниумот. Анонимните дипломати за Асошиетед прес и за Ројтерс изјавија дека Техеран ја информирал Меѓународната агенција за атомска енергија дека планира да инсталира илјадници помодерни ураниумски центрифуги во нуклеарната централа Натанз. Тоа би му овозможило на Иран да го преработува ураниумот два до три пати побрзо отколку сега.
Белата Куќа го нарече овој најавен чекор ескалација.
ЕУ соопшти дека "продолжува да се обидува да го убеди Иран" да се врати во разговорите.
XS
SM
MD
LG