Достапни линкови

logo-print

Кој размислува како се чувствува жената?


Деница Апостоловска, активист во ЛГБТ Јунајтед

Деница Апостоловска, активист во ЛГБТ Јунајтед

Наместо целото општество да се стреми кон уживање на сите традиционалнни вредности кои ја покоруваат жената, наместо да се труди на секој начин да ја растргне низ сите закоравени размислувања дека жената треба вечно да му служи на мажот, дека успешните мајки се лоши родители, наместо општеството да се меша во утерусот на жената и нејзината способност за репродукција...наместо сето ова би било добро барем некој, било кој да размисли како се чувствува жената т.е вашата мајка, сестра, ќерка, пишува за РСЕ Деница Апостоловска, активист во ЛГБТ Јунајтед.

Како поминува времето, така мислите ми се се повеќе заглавени во времето кога почнав да ги разбирам работите, положбите, улогите, робувањата на мајка ми на ова патријахално општество, времето кога само што го направив првиот чекор, почнав да се борам со мојата неправедна поставеност како девојче.
Не носев фустани, не играв со кукли, не се дружев со девојчиња, ме фрустрираше предодреденоста на мојот пол и се што тој носи со себе. Во секој миг се поистоветував со момчињата и им докажував и покажував дека не се ништо повредни од мене. И успеав во тоа, се плашеа од мене, на секој нареден предизвик се повлекуваа, не знам дали се плашеа или им беше срам што би доживеале пораз од девојче. Но, дали некој/а размислил или помислил како се чувствував јас, како девојче?

Ја мразам неправдата од кога знам за себе, па се борев со сите што им нанесуваат штета на сите останати. Не носев фустани, не играв со кукли, не се дружев со девојчиња, ме фрустрираше предодреденоста на мојот пол и се што тој носи со себе. Во секој миг се поистоветував со момчињата и им докажував и покажував дека не се ништо повредни од мене. И успеав во тоа, се плашеа од мене, на секој нареден предизвик се повлекуваа, не знам дали се плашеа или им беше срам што би доживеале пораз од девојче. Но, дали некој/а размислил или помислил како се чувствував јас, како девојче?

Го продолжив патот со истите мисли како тогаш. И кога почнав да живеам во општеството и навистина да бидам дел од него, наместо да создавам свои ставови како борбена и креативна адолесцентка, јас станав роб на општествените закоравени ставови, па ми се закоравија и чувствата и наместо да се чувствувам како девојка, да се чувтвувам горда... јас сепак станав девојка на многу момчиња, само затоа што така требаше. Она што ме учеа, тоа го правев, каде што ќе ми кажеа таму газев...а се газев себе. Толку гордо си ја газев својата суета, само за идеалите на ова патријахално општество.

А го мразев начинот на кој се третирав, не можев да верувам дека ЈАС, лично јас, таа што беше сведок на измачувањето на својата мајка од страна на ова општество, од барањата кои и се поставуваа само заради тоа што беше жена, тоа што мораше да работи и по 72 часа, за да на мене, брат ми и сестра ми не ни фали ништо, а татко ми му беа многу и тие седум часа, па мораше да спие и по 72 часа за викендот, зарем јас која и се восхитував на женственоста на мојата мајка и силата што ја има како жена, на нејзината борбеност и покрај толку удари, удари буквално примени од самото општество...зарем јас станав девојка покорена на момчето. Буквално си ја врзав својата женственост и ја фрлив во толпата, преполна со момчиња...и молчев, си ги стискав вилиците за да не се прегризам од презир за она што станав. А станав роб на она што ова општество смета што е жената. А дали некој/а размислил како се чувствувам како девојка?
И ги слушам владините кампањи како баш таа величественост на жената ја поистоветуваат со инкубатор, со објект на репродукција, жената ја ставаат во улога на убиец на своето дете доколку се одлучи да абортира, зборуваат како е лесно да се има три,четири деца и тоа е пожелно, на груб начин кажано оние мајки што од разни причини неможат да имаат дете воопшто не се добредојдени во ова патријахално општество.

Еве сум...сега го живеам времето со овие мисли кои ги пишувам. Го пребродев времето како девојка, сега сум веќе жена. Она што остана во моите сеќавања од големината на мојата мајка како личност и жена, сега се повеќе ме отсликува. И ги слушам владините кампањи како баш таа величественост на жената ја поистоветуваат со инкубатор, со објект на репродукција, жената ја ставаат во улога на убиец на своето дете доколку се одлучи да абортира, зборуваат како е лесно да се има три,четири деца и тоа е пожелно, на груб начин кажано оние мајки што од разни причини неможат да имаат дете воопшто не се добредојдени во ова патријахално општество. Се пропангира здравоста на традиционалното семејство кое го сочинуваат маж, жена и дете, а каде се самохраните мајки и татковци, колку навистина би можеле да бидат дисфункционални семејства баш тие...а јас што дека имав два родитела, кога само мајка ми ја носеше таа одговорност. Сепак денес како жена, како ќерка на мојата мајка ми останува да ја почнам борбата која таа не успеа да ја започне.

За крај сакам да кажам, наместо целото општество да се стреми кон уживање на сите традиционалнни вредности кои ја покоруваат жената, наместо да се труди на секој начин да ја растргне низ сите закоравени размислувања дека жената треба вечно да му служи на мажот, дека успешните мајки се лоши родители, наместо општеството да се меша во утерусот на жената и нејзината способност за репродукција...наместо сето ова би било добро барем некој, било кој да размисли како се чувствува жената т.е вашата мајка, сестра, ќерка...

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG