Достапни линкови

НБРМ ја намали проекцијата за раст на економијата на 2,2 отсто


Архивска фотографија: Гувернерот Димитар Богов.

Архивска фотографија: Гувернерот Димитар Богов.

Македонската економија годинава ќе порасне за 2,2 проценти, покажува најновата проекција на НБРМ. За наредната година Централната банка очекува раст на економијата од 3 отсто. Според претходните проекции, за годинава се очеквуаше раст од 2,6 проценти, а за наредната година 3,4 проценти.

Гувернерот Димитар Богов на денешната прес-конференција рече дека причина за надолната ревизија е падот на странската ефективна побарувачка, особено од најголеми трговски партнери на Македонија.

Народна банка има и надолна ревизија на инфлацијата од претхдоните 3,5 на 3,2 проценти за годинава и од 2,6 проценти на 2,3 за 2014 година.
XS
SM
MD
LG