Достапни линкови

logo-print

УНХЦР бара Израел да прекине со проширување на доселеничките населби


Рамат Шломо, еврејска доселеничка населба во Источен Ерусалим.

Рамат Шломо, еврејска доселеничка населба во Источен Ерусалим.

Инспекторите за човекови права на ОН го повикаа Израел да прекине со проширување на доселеничките населби и да ги врати назад сите еврејски доселеници од окупираните палестински територии. Експертите на ОН го обвинија Израел за сериозни прекршувања на хуманитарното право. Израел одби да соработува со истрагата на Советот за човекови права на ОН(УНХЦР). За Тел Авив, извештајот е пристрасен и ќе им наштети на мировните напори. Во извештајот се наведува дека има околу 520 илјади доселеници во околу 250 доселенички населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, територии кои Палестинците ги сакаат во нивната идна држава заедно со Појасот Газа. Пред два дена, Израел стана првата држава што го бојкотирала прегледот на состојбата со човековите права на УНХЦР.
XS
SM
MD
LG