Достапни линкови

Жена се самозапали пред киргистанскиот парламент


Полицајците ја изгаснаа запалената жена пред Парламентот во Бишкек.

Полицајците ја изгаснаа запалената жена пред Парламентот во Бишкек.

Жена се самозапали пред киргистанскиот парламент во Бишкек, барајќи правда за нејзиниот син. Полицајците што го обезбедувале парламентот успеале да ја изгаснат. Таа има изгореници од втор и трет степен, но не е во животна опасност. Пред да се запали, жената пред новинарите изјавила дека нејзиниот син бил ослободен од обвиненијата за обид за убиство, но подоцна бил осуден на 13 години затвор. Таа вели дека никако не можела да дојде до правда, па затоа се одлучила на протест пред парламентот во Бишкек.
XS
SM
MD
LG