Достапни линкови

logo-print

Шведска не бара враќање на визите, туку механизам за суспензија


Илустрација: Полиција во Шведска.

Илустрација: Полиција во Шведска.

Шведска силно го поддржува воведувањето на механизам за суспензија на безвизниот режим, но тоа не значи оти се залага за автоматско враќање на визите за граѓаните од Западен Балкан. Спротивно на извештаите во некои медиуми нема промени во шведската позиција во однос на ова прашање, наведува амбасадорот на Шведска во Македонија Ларс Вахлунд во денешната пишаната изјава до медиумите. Шведската Влада, додава тој, е многу добро запозната со тоа колку е важен новиот безвизен режим за граѓаните и за земјите од Западен Балкан, но начинот на којшто оваа слобода се користи не е прифатлив.
XS
SM
MD
LG