Достапни линкови

Фирмите мораат на берза, но побарувачка нема


Илустрација.

Илустрација.

Со оваа мерка се предвидува 539 акционерски друштва да се вклучат на берзата, а досега само 34 од нив котираа на пазарот на хартии од вредност. Во моментов недостасува соодветена побарувача и тоа е причината поради која и пазарот на капитал е во полоша состојба односно веќе извесен период стагнира, а во 2012 година имаше и пад, вели извршниот директор на КБ Публикум, Горан Марковски.

Поделени се ставовите во јавноста за значењето и ефектите од новата владина мерка со која се предвидува задолжителна котација на акционерски друштва на Берзата, односно се обврзуваат да учествуваат на берзанскиот пазар.
Дека ќе се размрда берзата на краток рок, прилично не верувам, бидејќи проблемот во моментот е недоволна побарувачка, понуда има на постоечки котирани компании кои се тргуваат во помал обем. Проблемот потекнува од недостаток на инвеститори од низа причини, а не е толку проблемот на страна на понудата.

Дел од финансиските експерти јавно искажаа негодување односно дека се против административно присилување на компаниите да котираат на берзата затоа што таква одлука треба да донесе самата компанија. Тие смеатат дека доколку се зголеми понудата на пазарот со нови акции со тоа што повеќе компании ќе се појават на Берзата може да се очекува да паднат цените на акциите на некои компании. Од друга страна, пак, тие како и брокерите и дел од бизнисмените оценуваат дека оваа мерка ќе придонесе за подобрување на пазарот и за зголемување на транспартентноста на фирмите за нивната реална финансиска состојба.
Илустрација.

Илустрација.


Инвестициските советници оценуваат дека главниот проблем за замрениот пазар на капитал не е во понудата, туку кај воздржаноста на инвеститорите да вложуваат во хартии од вредност.

Извршниот директор на КБ Публикум, Горан Марковски вели дека на долг рок овие мерки може да дадат позитивни ефекти, затоа што главна цел на мерката е зголемување на транспарентоста на компаниите, а со тоа и зголемен интерес на инвеститорите за пазарот.
Со ова мислам дека ги заштитуваме малите акционери кои со ништо не придонесуваат при бакрот на фирмите или при пререгистрација на фирмите или при вадење на добивката од големите компании преку офф шор компании или преку ќерки фирми.

„Во мометов недостасува соодветна побарувача и поради тоа причината да речеме поради која и пазарот на капитал е во полоша состојба односно веќе извесен период стагнира и имаше во текот на 2012 година и пад.“

Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека со оваа мерка ќе се одбегнат злоупотреби на пазарот.

„Со ова мислам дека ги заштитуваме малите акционери кои со ништо не придонесуваат при банкрот на фирмите или при пререгистрација на фирмите или при вадење на добивката од големите компании преку офф шор компании или преку ќерки фирми.“

Марковски додава дека на краток рок не може да се очекува брзо раздвижување на пазарот.

„Дека ќе се размрда берзата на краток рок, прилично не верувам, бидејќи проблемот во моментот е недоволна побарувачка, понуда има на постоечки котирани компании кои се тргуваат во помал обем. Проблемот потекнува од недостаток на инвеститори од низа причини, а не е толку проблемот на страна на понудата. Мал е бројот на заинтересирани инвеститиори првенствено на институционални инвеститори, нешто што во светот 70 отсто од вкупниот промет во тргување отпаѓа на институционални инвеститори, а во Македонија најголемиот дел од тргувањата се реализираа од страна на мали инвеститори. “

Со оваа мерка се предвидува 539 акционерски друштва да се вклучат на берзата, а досега од нив само 34 котираа на пазарот на хартии од вредност.

Марковски претпоставува една од причините за незаинтересираноста на компаниите за берзанскиот пазар е оперативниот апсект, а тоа е обезбедување на база на податоци кои континуирано треба да се обновуваат, а тоа значи дополнителни трошоци и дополнителен ангажман на службите на компаниите. Понатаму тој вели дека причините може да се бараат и во транспарентноста односно дека не секоја компанија сака да покаже како финансиски функционира, затоа што со самото тоа станува предмет на критика на јавноста.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG