Достапни линкови

Новите партии не може да бидат замена за СДСМ


Нови политички партии ќе се обидат да земат дел од колачот на локалните избори. Експертите велат дека тие тежнеат за нови гласови и нема да бидат супститут за СДСМ на изборите.

За некои не се предизвик, но за други локалните избори се можност за наметнување на политичката сцена. Движењето на Социјалдемократските сили веќе ги поднесе независните листи за општините Аеродром и Карпош, а денеска ќе поднесат за град Скопје и општина Центар. И пензионерите најавија своја партија која наскоро ќе се појави на политичката сцена. Единствено онаа во која член требаше да биде поранешниот премиер Владо Бучковски не планира да се промовира на локалните избори.
Ниту имам јас намера, ниту оние кои подолго време заговараат дека треба да се создаде една сериозна иницијатива и да се види дали таа може да егзистира во Република Македонија, не се заинтересирани промоцијата да биде на локалните избори.

„Ниту имам јас намера, ниту оние кои подолго време заговараат дека треба да се создаде една сериозна иницијатива и да се види дали таа може да егзистира во Република Македонија, не се заинтересирани промоцијата да биде на локалните избори“, вели Бучковски.

Поранешниот генерален секретар на младината на СДСМ и член на новото движење Михаил Младеновски вели дека нивната иницијатива не е со цел да и се спротистават на СДСМ, туку излегле од партијата бидејќи се незадоволни од досегашниот избор на кадри.

„Ние сакаме да покажеме дека можат да се направат граѓански листи, составени од млади луѓе кои имаат капацитет и претставуваат прогресивна сила во општеството, кои се креативни, знаат да дадат добри идеи. Ние ќе настапиме со програма што е исклучително важно и во тие неколку работи сакаме да разграничиме што е разликата меѓу нас како Социјалдемократи кои излеговме од СДСМ и раководрството на СДСМ кое освен празна реторика во моментов нема никаков концепт
Ние ќе настапиме со програма што е исклучително важно и во тие неколку работи сакаме да разграничиме што е разликата меѓу нас како Социјалдемократи кои излеговме од СДСМ и раководрството на СДСМ кое освен празна реторика во моментов нема никаков концепт како да дејствува пред граѓаните.

како да дејствува пред граѓаните.“

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека тие не можат да бидат замена за СДСМ на локалните избори и нивното формирање на би го поврзувал со изјавата на премиерот Никола Груевски дека не е само СДСМ опозиција во земјата.

„Јас не верувам, а и не знам дали Премиерот знаел дека ќе има формирање на нови политички партии, но во секој случај супститут на СДСМ на локалните избори не можат да бидат новоформирани партии, бидејќи секако СДСМ има легитимитет од 390 - 400 илјади граѓани кои го добиле на парламентарните избори. Ова се нови иницијативи кои тежнеат за нови гласови.“

Според Бучковски, изјавата на Груевски покренува дилема, но формирањето на нови партии и движења не треба да биде изненадување.

„Изјавата на Груевски ја остава дилемата и ќе биде податлива за лепење на етикети било кој да се појави сега, дека е по нарачка на власта. За мене појавата досега на неколку независни кандидатури на овие две последни политички партии или движења за кои говориме, не го гледам како некое големо изненадување.“

Според експерите, на локалните избори секој има шанса да земе дел од колачот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG