Достапни линкови

Филе - Слободата на медиумите е се уште голем предизвик за нашите земји-партнери


Слободата на медиумите се уште е голем предизвик за нашите земји-партнери. Тие мора да се подобрат во оваа сфера. Медиумите мора да се почитуваат. Тоа е една од основните вредности во Европската унија“, напиша еврокомесарот Штефан Филе на својот твитер профил по објавувањето на листата на „Репортери без граници” за нивото на слобода на медиумите во земјите од светот. Тој притоа не издвојува ниту една земја.

Македонија за една година падна за 22 места и сега е на 116 место во светот според слободата на печатот, покажува извештајот на „Репортери без граници“. Како причини за падот во извештајот се наведени одземањето на лиценци за работа на неколку медиуми и влошувањето на условите за работа за новинарите. Во последните четири години, Македонија паднала за 82 места на листата.
XS
SM
MD
LG