Достапни линкови

Расмусен ќе предупреди на големите кратења во одбраната


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска треба да го објави годишниот изветај на НАТО. Се очекува дека во извештајот ќе биде вклучено предупредувањето дека кратењето во одбраната во услови на економска криза може да ја поткопа моќта на војската на Алијансата. Расмусен треба да предупреди дека големите намалувања во одбраната може да ја влошат кризата со тоа што ќе ја ослабнат воената индустријата, која покренува иновации, работни места, извоз. Се очекува тој да тврди дека длабоките кратења може да ја влошат економската криза на Западот и да ја ослабат воената индустрија која е клучна за креирање работни места и за извоз.
Според извештајот, од 28-те НАТО земји само САД, Велика Британија и Грција, минатата година одвоиле повеќе од два проценти од бруто домашниот производ за одбрана, цел која е поставена од НАТО. Се очекува Расмусен да предупреди на растечката нееднаквост во одбранбените способности, среде глобалните закани за безбедноста вклучувајќи го и тероризмот, пиратството, сајбер војувањето и нестабилни земји.
XS
SM
MD
LG