Достапни линкови

Сирија- Израелски авиони погодиле „научно истражувачки центар“


Сирија.

Сирија.

Сириската армија соопштува дека израелски воени авиони погодиле „научно истражувачки центар“ кој се наоѓа северозападно од главниот град, Дамаск. Според нивните информации при вчерашниот напад загинале двајца луѓе кои работеле таму, а пет се повредени. Изјавата на сириската армија уследи по претходните извештаи дека Израел изврши воздушен напад во Сирија во близина на границата со Либан, погодувајќи конвој од камиони, кој наводно пренесувал оружје за Хезболах. Израелската армија и портпарол на Хезболах одбија да коментираат, а Сирија негира таково нешто. Израел е загрижен дека дел од резервите на Сирија на хемиско оружје би можело да заврши во рацете на Хезболах или терористички групи поврзани со Ал-Каеда.
Руското Министерство за надворшени работи соопшти дека се „длабоко загрижени“ за извештаите и бараат појаснување.
XS
SM
MD
LG