Достапни линкови

Вооружен напад во Аризона, тројца застрелани


Вооружен напаѓач застрела тројца луѓе во деловен комплекс во Феникс, најголемиот град во државата Аризона на западот на САД. Еден од застреланите е во тешка состојба, додека другите двајца се полесно повредени, соопшти полицијата. Напаѓачот не е пронајден.

Во меѓувреме во САД се води жестока дебата за контрола на оружјето. Дебатата уследи откако минатиот месец вооружен човек уби 20 деца и шест возрасни во едно основно училиште во Конектикат, што претставува најкрвав напад од низата вооружени напади во земјата минатата година.
XS
SM
MD
LG