Достапни линкови

logo-print

Собрани повеќе од 1,5 милијарди долари за Сирија


Донаторска конференција за Сирија во Кувајт.

Донаторска конференција за Сирија во Кувајт.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун соопшти дека конференцијата за зголемување на хуманитарната помош за Сирија ја надминала првичната цел да се соберат 1,5 милијарди долари. На донаторската конференција во Кувајт присуствуваат претставници на околу 60 земји. Сè уште не е познато кои земји се најголеми донатори. Пред конференцијата, Кувајт вети 300 милиони долари, додека ЕУ и САД ветија вкупно 400 милиони долари. На конференцијата присуствуваат и Русија и Иран, кои се сметаат за клучни сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG