Достапни линкови

Меркел повика на политички дијалог во Египет


Eгипетскиот претседател Мохамед Морси и германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција во Берлин.

Eгипетскиот претседател Мохамед Морси и германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција во Берлин.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика египетските власти да останат отворени за дијалог со сите политички сили во земјата и да ги почитуваат човековите права. Таа ова го изјави денеска на заедничката прес-конференција со египетскиот претседател Мохамед Морси со кого се сретна во Берлин. Претходно, египетскиот опозициски лидер Мохамед Ел-Барадеј повика на итни разговори меѓу претседателот Мохамед Морси, исламистичките организации и опозицијата за решавење на политичката криза во земјата. Пред два дена, пак, Барадеј го одби повикот на Морси за дијалог.
XS
SM
MD
LG