Достапни линкови

Полскиот е најзборуван странски јазик во Англија


Лондон.

Лондон.

Полскиот е најзборуван јазик во Англија и во Велс по англискиот и велшкиот, покажуваат податоците од пописот спроведен во 2011 година што беа објавани денеска. Полскиот е главен јазик за комуникација на околу 550 илјади луѓе во Англија и во Велс, односно на 1 процент од населението. Во изминатава деценија во Велика Британија се доселија околу еден милион луѓе од Источна Европа. Јужноазискиот јазик Панџаби е трет јазик на комуникација во Англија и го зборуваат околу 275 илјади луѓе, а јазикот Урду е четврти со околу 270 илјади говорители. Меѓу најчесто зборуваните јазици во Англија се и арапскиот, францускиот и кинескиот.
XS
SM
MD
LG