Достапни линкови

logo-print

Ештон загрижена поради законот за „хомосексуална пропаганда“ во Русија


Протест на геј активисти пред руската Дума на 22 јануари 2013 година.

Протест на геј активисти пред руската Дума на 22 јануари 2013 година.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон изрази загриженост поради иницијативата на руски пратеници да се донесе закон со кој ќе се забрани ширење „хомосексуална пропаганда“. Воведувањето ваков закон ќе ја зајакне дискриминацијата кон сексуалните малцинства и ќе ја ограничи нивната слобода на изразување, здружување и собирање, се наведува во писменото соопштение од Ештон. Предлог-законот помина во руската Дума во прво читање со 388 гласови „за“, еден „против“ и еден „воздржан“.
XS
SM
MD
LG