Достапни линкови

Нордиските скијачи и биатлонците во поход по олимписка норма


Илустрација.

Илустрација.

Во изминатите 3-4 месеци избраниците на селекторот Ѓоко Динески имаа забележителни настапи на повеќе квалификациски натпревари од Светскиот куп и од ИБУ купот.

Македонските репрезентативци во нордиско скијање и во биатлон се на добар пат уште во оваа сезона да обезбедат барем една норма за настап на ЗОИ, кои наредната година ќе се одржат во рускиот Сочи. Имено, во изминатите 3-4 месеци избраниците на селекторот Ѓоко Динески, предводени од нашите најголеми адути Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски, имаа забележителни настапи на повеќе квалификациски натпревари од Светскиот куп и од ИБУ купот, а посебно се истакна Дамјановски. Тој постигна три добри резултати во нордиско скијање.
Во нордиско скијање што помалку ФИС точки, тоа подобар резултат. Значи секој резултат под 100 ФИС точки, е практично и квалификација за Олимпијада. Додека во биатлон секој резултат што подолу на листата носи повеќе бодови. На пример ако најдобриот носи 160 бодови, нашите да донесат некаде по 60, 70 или 80 бодови би било добро за да не искачат како нација, што подобро и да не позиционираат што подобро на листата на нации како би добиле шанса за Сочи.

„Потребни му се уште два добри резултати, на 80 до 90 точки и тоа ќе биде доволно за да ја потврдиме таа норма за учество на ЗОИ во Сочи. Додека Ицоски го задржува својот континуитет, меѓутоа очекуваме до крај на сезоната да направи дополнителен напредок. Останатите јуниори Тошо и Тони Станоески и Соте Андрески фаќаат веќе приклучок кон постарите колеги и очекувам нивниот напредок да биде евидентен оваа година и секако да ги постигнат своите најдобри резултати“, изјави селекторот Динески, според кого, блиску до Б олимписката норма е и 15 годишната Марија Коларовска.
Илустрација.

Илустрација.


Таа и останатите репрезентативци, освен во последните три месеци од годинава, во наредните два месеци за виза за Сочи ќе се борат на уште десетина натпревари, од кои најзначајни се февруарските Светски првенства во биатлон (7-17 февруари, во Нове Место, Чешка) и во нордиско трчање (20 февруари - 2 март, во Вал ди Фјеме, Италија). На нордискиот Мундијал ќе учествуваме со осум натпреварувачи (Дамјановски, Ицоски, Тони и Тошо Станоески, Соте Андрески, Павле Коруниоски, Велчо Ѓорѓиески и Марија Коларовска), а на собирот на најдобрите биатлонци, покрај сигурните Дамјановски и Ицоски, шанси за настап имаат и јуниорите Станоески и Андрески. Сепак, тие прво треба да исполнат норма на квалификациските ИБУ купови (во наредните 5-6 дена во Италија и во Словачка), што доколку им појде од рака ќе ги вклучи во битката за мундијалски резултат под 100 поени.

„Во нордиско скијање што помалку ФИС точки, тоа подобар резултат. Значи секој резултат под 100 ФИС точки, е практично и квалификација за Олимпијада. Додека во биатлон секој резултат што подолу на листата носи повеќе бодови. На пример ако најдобриот носи 160 бодови, нашите да донесат некаде по 60, 70 или 80 бодови би било добро за да не искачат како нација, што подобро и да не позиционираат што подобро на листата на нации како би добиле шанса за Сочи“, додаде Ѓоко Динески, чиј тим за олимписка норма во бијатлон ќе треба да се пласира до 33-тото место на Мундијалот во Чешка.

Инаку, наредниот месец и половина нашите нордијци ќе учествуваат на значајни натпревари и на домашната сцена, каде што топ настани ќе бидат меѓународниот меморијален ФИС натпревар „Тоше Проески“ (27-28 февруари) и Мавровскиот меморијал (2-3 март), кој годинава полни јубилејни 50 години.
XS
SM
MD
LG