Достапни линкови

logo-print

МОСТ ќе ги следи локалните избори со 3.500 набљудувачи


Граѓанската асоцијација МОСТ објави дека ги започна активностите за набљудување на изборниот процес. За набљудување на Локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3.500 набљудувачи во цела Македонија. МОСТ упатува јавен повик до сите граѓани да проверат дали ги има во избирачкиот список на http://izbirackispisok.gov.mk. На овој начин граѓаните ќе имаат можност во законски пропишаниот рок, до 9 февруари, доколку за тоа има потреба, да побараат промена на нивните податоци во Избирачкиот список.
XS
SM
MD
LG