Достапни линкови

Филе загрижен за здравјето на затворен украински политичар


Архивска фотографија: Поранешниот украински министер за внатрешни работи Јуриј Луценко пред суд.

Архивска фотографија: Поранешниот украински министер за внатрешни работи Јуриј Луценко пред суд.

Еврокомесарот Штефан Филе изрази загриженост поради брзото отпуштање од болница на затворениот поранешен украински министер за внатрешни работи Јуриј Луценко. Филе на твитер напиша дека отпустот доаѓа „многу брзо по сериозна операција“. Докторите му отстраниле тумор од стомакот. Неговата сопруга рече дека нашле уште три чира и дека планираат уште една операција, но тој неочекувано беше отпуштен од болница и вратен во затвор. Надлежните велат дека тој може да продолжи со медицинскиот третман во затворот. Луценко е осуден на четири години затвор за проневера, злоупотреба на функцијата и наредување нелегално следење на осомничени за време на истрагата за труењето на поранешниот претседател Виктор Јушченко. Луценко ги негира обвинувањата и тврди дека неговото затворање е политички мотивирано.
XS
SM
MD
LG