Достапни линкови

logo-print

Повик за дијалог за решавање на политичката криза во Египет


Египетскиот опозициски лидер Мохамед Ел-Барадеј.

Египетскиот опозициски лидер Мохамед Ел-Барадеј.

Египетскиот опозициски лидер Мохамед Ел-Барадеј повикува на итни разговори меѓу претседателот Мохамед Морси, исламистичките организации и опозицијата за решавење на политичката криза во земјата. Барадеј, кој е лидер на Националниот ослободителен фронт, на твитер напиша дека треба да се преземат мерки „да сопрат насилствата и да почне сериозен дијалог“. Пред два дена Барадеј го одби повикот на Морси за дијалог. Египетскиот претседател прогласи 30-дневна вонредна состојба во три града во земјата, откако во насилствата загинаа повеќе од 50 луѓе.
XS
SM
MD
LG