Достапни линкови

logo-print

ОН бараат поголема финансиска помош за Сирија


Кувајт, донаторска конференција за Сирија

Кувајт, донаторска конференција за Сирија

Обединетите нации упатија апел за поголема финансиска помош за Сирија која е зафатена со граѓанска војна. Повикот е упатен до претставниците на 60 земји кои учествуваат на денешната донаторска конференција во Кувајт. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун ги повика двете страни во конфликтот, а посебно сиријската влада, да ги прекинат борбите во, како што рече, „името на хуманоста“. Светската организација има намера да собере над милијарда ипол долари пред се како помош за над 700 илјади сиријци кои како бегалци се наоѓаат во соседните земји. САД и ЕУ веќе ветија 400 милиони долари, додека Кувајт 300 милиони долари помош.
XS
SM
MD
LG