Достапни линкови

Русија ја прекина соработката со САД против криминалот


Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев потпиша одлука за прекин на важноста на спогодбата за соработка со Соединетите држави во борбата против криминалот. „Спогодбата не е во согласност со актуелната ситуација“ се наведува во соопштението на Кремљ. Таа беше потпишана во 2002 година и со неа на руските сили за спроведување на законот им се овозможуваше да добиваат американска финансиска помош за проекти од областа во борбата против криминалот. Вашингтон засега без коментар за овој потег на Москва.
XS
SM
MD
LG