Достапни линкови

logo-print

Бугарите и Романците непожелни во Британија


Ве молиме не доаѓајте во Британија. Постојано врне, работа тешко се наоѓа, а и слабо е платена. Лондон планира да покрене негативна рекламна кампања во Бугарија и Романија за да ги убеди потенцијалните имигранти да останат надвор од Британија.

Планот кој би се фокусирал врз недостатоците на британскиот живот е еден од потенцијалните потези за запирање на имиграцијата во Британија во идната година кога истекува забраната за жителите на Бугарија и на Романија да живеат и да работат во Обединетото Кралство.

Еден неименуван британски министер изјави дека ваквата негативна реклама би требало да ја поправи импресијата оти улиците во Британија се поплочени со злато.

Се дознава дека меѓу можните британски опции за одвраќање на евентуланите имигранти од Бугарија и Романија се: построги правила да најдат работа во јавниот сервис и депортитрање на оние што дошле во Британија, но во рок од три месеци не успеале да се вработат.
Сепак, како што пишуваат британските весници, засега не е познато како би изгледале рекламите и дали притоа ќе биде искористена стратегијата Британците да бидат претставни што е можно пострашно. Или, пак, рекламите ќе се засноваат врз охрабрување на евентуалните имигранти да уживаат во убавините на нивните земји.

Со влади во светот кои трошат милиони долари за вработување советници во Лондон со цел да им ја „исперат репутацијата“ станува збор за чудна иронија, се разбира доколу Британија одбере да си го расипе сопствениот имиџ.

Постојат преседани. Во 2007 година Еуростар објави реклами во Белгија за возовите за Лондон во кои беше прикажан тетовиран скинхедс како уринира врз шоља за чај.

„Вистина е дека се бараат разни опции, но ние не расправаме за конкретни работи. Како и обично, станува збор за процес на разгледување разни предлози“, цитира весникот „Гардијан“ извор во Даунинг стрит број 10.

Според овој извор, британската влада не мисли дека промената на правилата ќе доведе до голем број имигранти со оглед на тоа што, како што вели, Бугарите и Романците имаат поблиски врски со Германија и Италија отколку со Британија.

Засега нема официјална проценка колку од 29 милиони жители на овие две земји би ја искористиле новата можност. Неофицијално се претпоставува дека за две години би се доселиле околу 450 илјади Бугари и Романци.
Дејвид Камерон, премиер на Британија

Дејвид Камерон, премиер на Британија


Експертите не мислат така, наведувајќи дека оваа бројка била базирана врз онаа на Чесите и Полјаците кои во 2004 година се преселиле во Британија. Тогаш само три земји ги отворија нивните граници. Овој пат сите членки на Европската унија ќе ги отстранат рестрикциите на пазарот на трудот.

Се дознава дека меѓу можните британски опции за одвраќање на евентуланите имигранти од Бугарија и Романија се: построги правила да најдат работа во јавниот сервис и депортитрање на оние што дошле во Британија, но во рок од три месеци не успеале да се вработат.

Некои, охрабрени од понудата на премиерот Дејвид Камерон за референдум за останување или излегување на Британија од Европската унија, сметаат дека Лондон би требало да го блокира укинувањето на рестрикциите на пазарот на трудот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG