Достапни линкови

logo-print

Македонија на 116 место во Индексот на слободата на печатот


Во најновиот Индекс на слободата на печатот за 2013 година на „Репортери без граници“ Македонија се најде на 116 место. Тоа е за 22 позиции пониско од лани кога Македонија беше на 94 место. Станува збор за најголем пад на Балканот при што организацијата „Репортери без граници“ посебно спомнува дека македонскиот парламент се подготвува да ја легализира цензурата. Големи падови бележат Унгарија, Грција и Бугарија. Најголем подем во регионот има Србија која во годинашниот Индекс е на 63 место, односно 17 позиции понапред од лани. На прво место на листата од 179 земји е Финска, а на последно Еритреја.
XS
SM
MD
LG