Достапни линкови

Железничкиот сообраќај нормализиран


Железничкиот внатрешен сообраќај повторно е нормализиран откако синоќа беше постигната согласност во преговорите меѓу Независниот синдикат на машиновозачите и Министерството за транспорт и врски. Претседателот на Независниот синдникат Латко Јовановски денеска за МИА изјави дека била постигната начелна согласност по сите барања. Меѓу другото договорена е редовна исплата на платите и редовно добивање на сините картони. Машиновозачите стапија во штрајк во понеделникот попладне поради што железничкиот сообраќај беше во прекин во изминатите два дена.
XS
SM
MD
LG