Достапни линкови

Шведска ќе бара враќање на визниот режим за Западен Балкан


Шведскиот министер за миграција Тобиас Билстром побара повторно воведување визи за граѓаните од земјите од Западен Балкан при патување во земјите на ЕУ. Според него, неприфатливо е илјадници лица од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора да бараат азил во Шведска. „Тие ги наведуват сиромаштијата и неможноста за вработување како причини поради кои дошле. Тоа никогаш не било основа за одобрување азил“, вели Билстром кој најави дека шведската влада наскоро ќе ја заостри политиката кон азилантите. Меѓу новите предлог мерки е и онаа лицата кои бараат азил да мораат да најдат работа во Шведска, пред да можат во земјата да го доведат и своето семејство.
XS
SM
MD
LG