Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за името во Њујорк


Денеска во Њујорк продолжуваат разговорите за разликите околу името под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц.
Вчера специјалниот претставник на ОН Нимиц го запознал македонскиот преговарач амбасадорот Зоран Јолевски со ставовите на грчката страна во врска со македонските предлози што медијаторот претходно ги добил, јавија македонските медиуми.Пред средбата со Јолевски, Нимиц се сретнал и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис со кого разговарал за можните решенија, за кои било претходно разговарано во Скопје и во Атина.
XS
SM
MD
LG