Достапни линкови

Сенатот го потврди Кери за државен секретар на САД


Американскиот Сенат го потврди сенаторот Џон Кери за иден државен секретар на Соединетите Држави. Кери ја доби поддршката на Сенатот со 94 гласови за и 3 против. Откако ќе поднесе свечена заклетва, Кери ќе ја замени Хилари Клинтон, која се повлекува по четиригодишниот мандат. Претходно Комитетот за надворешни односи ја одобри неговата номинација. Кери ја предводеше комисијата во изминатите четири години. 69-годишниот Кери е виетнамски ветеран и претседателски кандидат на демократите во 2004 година. Како претседател Комитетот за надворешни односи во Сенатот, Кери е активен во политиката кон Авганистан и Пакистан.
XS
SM
MD
LG