Достапни линкови

Конференција на ОН во Кувајт


Седиштето на ОН во Њујорк

Седиштето на ОН во Њујорк

ОН денеска ќе одржат конференција во Кувајт со цел да побараат 1 милијарда долари за помош за соседите на Сирија каде се сместени околу 700.000 бегалци од Сирија. Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими изјави дека насилството во Сирија достигна "невидени нивоа на ужас" и дека владата и бунтовниците извршиле големи злосторства. Брахими го предупреди Советот за безбедност дека сирискиот претседател Башар ал-Асад дека засега може да биде во можност да се држи на власт, но оти земјата како што рече се "растура пред очите на сите." Неговите коментари дојдоа откако активисти во Сирија соопштија дека најмалку 65 луѓе биле пронајдени застрелани со рацете врзани во северниот сириски град Алепо. Опозициските активисти ја обвинуваат владата, но засега е невозможно е да се потврди кој е одговорен.
XS
SM
MD
LG