Достапни линкови

ОН: Немало експлозија во Иран


Надзорно тело за нуклеарна енергија на ОН соопшти дека не виделo никаков знак од експлозија во едeн од нуклеарните објекти на Иран. Изјавата на портпаролот на Меѓународната агенција за атомска енергија Гил Тудор доаѓа по извештаите во израелски и други медиуми дека експлозијата се случила минатата недела во подземниот објект за збогатување ураниум Фордоу објект и притоа била направена голема штета. Официјален Иран ги негираше извештаите велејќи дека се работи за пропаганда на западните земји. Во меѓувреме и Соединетите Држави соопштија дека не им веруваат на извештаите. На крајот на 2011 година, Фордоу започна со производство на збогатен ураниум до 20 проценти. Иран се правда дека збогатеното гориво му е потребно за медицински истражувања во реакторот во Техеран.
XS
SM
MD
LG