Достапни линкови

logo-print

АМАН со марш ќе ги предаде потписите во Собрание


Со протестен марш граѓанската иницијатива АМАН утре во Парламентот ќе предаде над 13 илјади потписи за покренување на измени во Законот за енергетика.

Со протестен марш кој ќе започне утре пред спомен-куќата на Мајка Тереза и кој ќе финишира кај Парламентот граѓанската иницијатива АМАН ќе предаде над 13 илјади потписи за покренување на измени во Законот за енергетика.
Бараме нешто што со децении сме го користеле и бараме луѓето да не плаќаат нешто што не го користат. Кажете ми земја во светот каде луѓе плаќаат за нешто што не го користат? Барањата се скромни, мислам дека овие аргументи се сосема доволни за да се прифати, немаат големи финансиски импликации.

Еден од членовите на АМАН Петрит Сарачини вели дека тоа е успех за сите граѓани, бидејќи иницијативата не ги разединила, туку ги обединила и успеала да стане симбол на граѓанското, не партиското и наднационалното. Свесни сме дека предавањето на потписите се случува во нарушена парламентарна демократија, сепак АМАН има одговорност кон оние кои учествувале во иницијативата, додава Сарачини.

„Моменталната констилација на политичката сцена ни дава за право да се надеваме дека овој парламент, со ваков однос на сили внатре во него, ќе најде сила и храброст да покаже дека тие луѓе што седат таму се избраници на граѓаните.“

Барањата на АМАН се да се врати дневната евтина тарифа на струјата и да не им се наплаќа парно на оние кои што не го користат.

„Бараме нешто што со децении сме го користеле и бараме луѓето да не плаќаат нешто што не го користат. Кажете ми земја во светот каде луѓе плаќаат за нешто што не го користат? Барањата се скромни, мислам дека овие аргументи се сосема доволни за да се прифати, немаат големи финансиски импликации.“

Според Сарачини прифаќањето на иницијативата ќе биде добар аргумент на владејачкото мнозинство дека сепак легитимно ги преставува и ги брани интересите на граѓаните. Очекуваат иницијативата веднаш да влезе во собраниска процедура.

„Законскиот рок во кој Собранието може да одлучува по оваа иницијатива е 30 дена, што значи дека до распуштање на парламентот има доволно време оваа иницијатива да помине и низ комисиите каде што ќе имаме право да учествуваме и да дискутираме и на пленарната сесија.“

Од АМАН најавуваат дека ќе продолжат да дејствуваат преку различни форми на граѓански активизам и дека и натаму ќе ги предизвикуваат институциите да работат подобро, во интерес на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG