Достапни линкови

Доживотен затвор за украински полициски генерал за убиство на новинар


Поранешниот началник на одделот за следење во украинското МВР, генерал Алексиј Пукач на судењето во Киев.

Поранешниот началник на одделот за следење во украинското МВР, генерал Алексиј Пукач на судењето во Киев.

Поранешен украински полициски генерал денеска е осуден на доживотен затвор за убиството на истражувачкиот новинар Георгиј Гонгадзе. Судот во Киев утврди дека поранешниот началник на одделот за следење во украинското МВР, генерал Алексиј Пукач, лично го задавил Гонгадзе. Новинарот кој откри случаи на корупција на високо ниво беше киднапиран во 2000 година, а неговото обезглавено тело беше пронајдено во близина на Киев. Тогашниот претседател Леонид Кучма беше обвинет за вмешаност во убиството врз основа на тајни аудио снимки направени во неговиот кабинет, но обвинителството ги повлече обвиненијата во 2011 година. Пукач рече дека ќе ја прифати пресудата ако Кучма и другите вмешани бидат изведени пред суд.
XS
SM
MD
LG