Достапни линкови

Културното наследство оставено да пропаѓа


Изложбата „Состојбата на културното наследство 2012-2014“ во КИЦ во Скопје.

Изложбата „Состојбата на културното наследство 2012-2014“ во КИЦ во Скопје.

„Состојбата на културното наследство 2012-2014“ е насловена изложбата на фотографии што од 29 јануари до 1 февруари се одржува во Културно-информативниот центар во Скопје.

Поразителна е сликата за односот на државата кон нашето културно наследство, како од аспект на континуирано следење на неговата состојба, така и од аспект на неадекватен, непрофесионален, немарен, неетички однос на надлежните служби во однос на принципите и стандардите поврзани со конзервација, реставрација и негова презентација.
Не е ситуацијата со културното наследство ваква затоа што во државата немаме доволно средства, затоа што буџетот е мал, затоа што нема кадар. Сето тоа може да се обезбеди доколку се сака и се има потреба да се почитува сопственото културно наследство. Тогаш кога вие го сакате и го препознавате како свое ќе се најдат средства.

Ова е заклучокот што неминовно се наметнува откако ќе се погледнат 50-тината изложените фотографии на постановката „Состојбата на културното наследство 2012-2014“ што на увид на јавноста ја понуди Центарот за културно наследство. Според професор Донка Барџиева Трајковска, претседател на ова здружение на граѓани, повеќе од загрижувачки е односот на властите кон културното наследство кое е запоставено и оставено да пропаѓа.
Професор Донка Барџиева Трајковска и директорот на Фондацијата отворено општество Македонија Владимир Милчин на отворањето на изложбата „Состојбата на културното наследство 2012-2014“ во КИЦ во Скопје.

Професор Донка Барџиева Трајковска и директорот на Фондацијата отворено општество Македонија Владимир Милчин на отворањето на изложбата „Состојбата на културното наследство 2012-2014“ во КИЦ во Скопје.


„Не е ситуацијата со културното наследство ваква затоа што во државата немаме доволно средства, затоа што буџетот е мал, затоа што нема кадар. Сето тоа може да се обезбеди доколку се сака и се има потреба да се почитува сопственото културно наследство. Тогаш кога вие го сакате и го препознавате како свое ќе се најдат средства.“
Овде сме соочени со она што и се случува на македонската ренесанса. Таа пропаѓа, исчезнува, за да може да се изгради лажен барок. Зашто ренесанса навистина сме имале. Доста е да се видат само некои од фреските во црквите.

Барџиева Трајковска дополнува дека всушност презентираме страшна негрижа за културното наследство во услови „кога најмногу се инвестира во културата“.

„Се инвестира во некоја друга култура којашто треба да стане нечие друго културно наследство и нам да ни се наметне како наше за разлика од ова кое пред очите на сите нас пропаѓа.“

Фото-изложбата е резултат од податоците добиени од извршениот увид на 58 поединечни објекти и споменични целини во Скопје, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Преспа, Штип, Велес, Куманово и Крива Паланка и е дел од проектот „Мониторинг на културното наследство, промоција и популаризација на неговиот мултиетнички карактер“, кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Професор Владимир Милчин, претседателот на ФИООМ, истакнува дека кога Управниот одбор одлучил да му додели грант на Центарот за културно наследство, никој немал претстава колкави се размерите и колку длабоко оди уривањето, односно опустошувањето на она што „не легитимира пред нас самите и пред светот“. Тој дополнува дека изложбата е предизвик за нашата совест и предизвик за нашата одговорност како граѓани, без оглед дали сме лаици или експерти за дадената област, луѓе кои раководат со институциите или оние кои го договаарат буџетот и потем оние кои го гласаат во Собранието.

„Овде сме соочени со она што и се случува на македонската ренесанса. Таа пропаѓа, исчезнува, за да може да се изгради лажен барок. Зашто ренесанса навистина сме имале. Доста е да се видат само некои од фреските во црквите.“

Милчин во своето емотивно говорење оди дотаму што заговара и тужба против сите што се виновни за ваквата негрижа за културното наследство.

„Откако човек ќе се соочи со реалноста што ни ја презентираат овие фотографии почнува да се прашува дали треба да молчи, дали треба да колне, можеби и да пцуе, а веројатно би требало да се размисли за тоа како да се поднесе тужба против сите што се виновни, осмислувачи или соучесници во уништувањето на највредното што го имаме во Македонија – највредното е тоа што е прикажано како е овде изложено на негрижата која просто се граничи со она што можеме да го наречеме варварство.“

Оваа постановка, инаку прва од ваков вид во Македонија, има трајна и историска вредност како манифестација и настан од посебен карактер кој отвора нова страница во правец на поопштествување на дејноста заштита во граѓанскиот сектор. Од таму, како што велат од здружението на граѓани Центар за културно наследство, нејзината мобилност во повеќе градови во земјава ќе овозможи актуелизација и насочување на јавноста за примарното значење на наследството како културен идентитет и универзална вредност.

Кон ова уште информацијата дека фотографиите и наодите од овој проект наскоро на македонски и англиски јазик ќе можат да се видат на интернет страницата на Здружението.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG