Достапни линкови

Обвинувања дека британски војници малтретирале Ирачани


Архивска фотографија: Британски војници во Ирак.

Архивска фотографија: Британски војници во Ирак.

Адвокатите на околу 190 Ирачани кои тврдат дека биле малтретирани од британските војници во земјата од 2003 до 2008 година бараат јавна расправа. Наводите за тепање, лишување од сон и сексуална и верска злоупотреба денеска беа претставени пред британскиот Врховен суд во Лондон. Најголем дел од наводните малтретирања се случиле во притвор, но и за време на упади во домовите на луѓето. Врховниот суд треба да одлучи дали злоупотребите се изолирани инциденти или биле систематски и одобрени како начин на делување. Се очекува сослушувањето да трае три дена. Министерството за одбрана соопшти дека нема потреба од јавна расправа и спроведе сопствена истрага.
XS
SM
MD
LG