Достапни линкови

Лавров - Македонија е клучен партнер за стабилизација на Балканот


Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средба во Москва.

Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средба во Москва.

Русија ја смета Македонија за клучен партнер во нејзината мисија за стабилизација на Балканот, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во Москва, пренесуваaт ИТАР-ТАСС и Гласот на Русија.

Шефот на македонската дипломатија Попоски, пак, се заложил за зајакнување на соработката со Русија во економската сфера, можноста за директни руски инвестиции и особено за изградба на крак на гасоводот “Јужен поток” за испорака на гас и гасификација на Македонија.

Лавров и Попоски на денешната средба потпишаа и Спогодба за отворање на културни центри во Москва и во Скопје, и план за консултации за министерствата за надворешни работи на двете земји.
XS
SM
MD
LG