Достапни линкови

logo-print

Египет пред колапс


Шефот на египетските вооружени сили генерал Абдел Фатах ел Сиси, кој е и министер за одбрана предупреди дека сегашната политичка криза би можело да води до колапс на државата. „Продолжувањето на конфликтите меѓу припадници на различни политички сили и нивните несогласувања за тоа како треба да се води државата би можело да доведат до нејзин колапс“, изјавил тој пред кадетите на Воената академија. Во изминативе неколку денови избувнаа немири во кои загинаа најмалку 50 луѓе. Претседателот Мохамед Морси во неделата прогласи вонредна состојба во три градови, Суец, Исмаилија и Порт Саид, а најави и примена на сила за да ги задуши немирите.
XS
SM
MD
LG