Достапни линкови

Во Брисел конференција за иднината на Западен Балкан во ЕУ


Во Брисел денеска, во организација на Европските народни партии ќе се одржи конференција под наслов „Западен Балкан, иднината со Европа“ што ќе ја отвори еврокомесарот за проширување Штефан Филе. На конференцијата ќе учествуваат претставници на земјите од регионот, меѓу кои претседателот на Комисијата за надворешни работи во македонското Собрание Антонио Милошоски, премиерот на Албанија Сали Бериша, како и претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ Рикардо Миљиори.
XS
SM
MD
LG