Достапни линкови

50 милијарди долари помош за жртвите на Сенди


Американскиот Конгрес одобри над 50 милијарди долари итна помош за обнова на крајбрежните области кои кон крајот на октомври беа погодени од ураганот Сенди. Сенатот синоќа го изгласа соодветниот закон со 62 гласа „за“ и 36 „против“ и тоа сите од републиканските сенатори кои оценија дека станува збор за фискално неодговорна мерка која ќе ја зголеми американската задолженост. Претходно за жртвите на ураганот беа издвоени скоро 10 милијарди долари. Во невремето загинаа над 120 луѓе, додека десетици илјади куќе беа разурнати.
XS
SM
MD
LG