Достапни линкови

САД: Иран можеби прекршил резолуција на ОН


Соединетите американски држави предупредија дека Иран можеби прекршил резолуција на Обединетите нации доколку се вистинити тврдењата на иранските власти дека успешно лансирале мајмун во вселената. Портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд рече дека за сега не се знае дали Иран успеал да го лансира вселенското летало. Таа дополни дека согласно резолуцијата на Обединетите нации број 1929, Иран не смее да биде вклучен во било какви активности кои се поврзани со балистички ракети способни за пренос на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG