Достапни линкови

Амнести бара ослободување на ирански новинари


Меѓународната организација за човекови права “Амнести Интернешнл” ги повика иранските власти да ослободат 14 новинари кои биле приведени при полициските претреси на неколку весници во земјата. Новинарите се обвинети за соработка со персиски медиумски организации за кои иранските власти сметаат дека се анти-револуционерни. Станува збор за соработници на Радио Слободна Европа, Гласот на Америка и Би/Би/Си.
XS
SM
MD
LG