Достапни линкови

Еврејските организации се против комисија за нападот од Буенос Аирес


Илустрација.

Илустрација.

Еврејските организации од светот ги осудија плановите на Аргентина и на Иран да формираат комисија што треба да го истражи бомбашкиот напад врз Центарот на еврејската заедница во Буенос Аирес во 1994 година. Аргентинската претседателка Кристина Фернандез изјави дека „комисијата на вистината“ ќе вклучи странски правни експерти и ниеден од нив нема да биде од Аргентина или од Иран. Тие треба да ги анализираат доказите и да му препорачаат на обвинителството како да продолжи со случајот. Аргентинскиот суд одлучи дека Иран стои зад нападот во кој загинаа 85 луѓе.
XS
SM
MD
LG