Достапни линкови

Египетската опозиција го отфрли предлогот за национален дијалог


Архивска фотографија: Мохамед Ел Барадеј од Националниот ослободителен фронт.

Архивска фотографија: Мохамед Ел Барадеј од Националниот ослободителен фронт.

Најголемата опозициска партија во Египет го отфрли предлогот за национален дијалог на претседателот Мохамед Морси, што уследи по неколкудневните насилни протести во земјата во кои има десетици жртви. Мохамед Ел Барадеј од Националниот ослободителен фронт оцени дека повикот на претседателот е без содржина. Тие велат дека ќе присуствуваат на разговорите само ако Морси преземе одговорност за крвопролевањата.

Египетскиот претседател вчера прогласи 30-дневна вонредна состојба во областите на градовите Порт Саид, Исмаилиа и Суец, по немирите во кои има загинати и стотици ранети. Немирите почнаа откако 21 луѓе беа осудени на смртни казни поради минатогодишните нереди што избувнаа за време на фудбалски натпревар.
XS
SM
MD
LG